fbpx

ЧЛЕНОВИ НА ЕВРОПСКИТЕ КОМИСИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И КОНТРОЛА НА БОЛЕСТИ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА ВО ПОСЕТА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

12.02.2024

Претставници на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската комисија (ЕС) и Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) беа во официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
За време на посетата, претставниците на комисиите одржаа стручен состанок со менаџментот на болницата и одговорните лица за превенција и контрола на болнички инфекции. На состанокот беа разгледувани процесите на поставеност и одржување на превенција и контрола на болнички инфекции и антимикробно управување во болницата, со сите детали на работа. По стручниот дел, претставниците ги посетија Единицата за општа интензивна нега, Единицата за неонатална интензивна нега, Ургентниот центар, Лабораторијата за микробиологија и Молекуларната лабораторија.

poseta

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената приватна болница што беше дел од агендата на петдневната посета од страна на високите претставници на европските центри. Кон менаџментот упатија позитивни впечатоци од начинот на организација на работата во болницата. Нагласија дека најбитните процеси на превенција и контрола на болнички инфекции и антимикробно управување се на ниво на водечките болници во Европа. Од официјалната посета на нашата земја се очекува да се подготви детален извештај каде што ќе бидат наведени оценките на комисијата.

poseta

Посетата на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше спроведена во рамки на програмата „Едно здравје – поддршка на земјите за унапредување на заеднички едно-здравствени одговори против антимикробната отпорност во Западен Балкан“.

poseta