fbpx

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗА ПОЖРТВУВАНОСТА И ПОСВЕТЕНОСТА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

24.06.2021

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија додели благодарница за тимот од ковид-центарот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод Меѓународен ден на акушерки и медицински сестри. Со оваа благодарница им се оддаде почит за посветеноста, грижата и негувањето на пациентите во Ковид-19 пандемијата.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ откако почна епидемијата на Ковид-19 се стави во функција на заштита на јавното здравје и од почетокот е поддршка и врвен чинител во заштитата и лекувањето на пациентите кои се позитивни на Ковид-19. Во изминатиот исклучително критичен период на пандемијата со коронавирус, кога целокупниот здравствен систем се соочуваше со огромен наплив на пациенти и намалени капацитети на сместување, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ даде значителен придонес во справувањето со коронавирусот и спаси стотици животи.

Инфективниот интензивен болнички оддел на „Аџибадем Систина“ е единствениот приватен инфективен оддел во земјава со најголем капацитет во кој се применуваат најсовремените протоколи за третман на ковид-пациенти на Светската здравствена организација, Здравствената групација „Аџибадем“ и втората најголема групација на болници во светот (IHH). Болницата е пионер и во набавувањето на најсовремена терапија за пациентите.