fbpx

Argon Plasma Coagulation (APC) во третманот на белодробните тумори – нова метода во „Аџибадем Систина“

17.12.2018

Со новата метода, пациентите со белодробен тумор имаат можност за поквалитетен живот и намалување на компликациите од туморот, пред сè опструкција на дишните патишта, која е причина за смртност кај 50-60% од пациентите.  Со помош на новата опрема на Одделот за пулмологија, генератор на аргон плазма, со гас се гори самиот тумор и се добива повторна проодност на дишните патишта по што се дава време да делуваат останатите терапии, како што е хемотерапија  и биолошка терапија. Досега овој третман е изведен кај двајца пациенти, на 45 и 70-годишна возраст. Состојбата на двата пациенти е значително подобрена. Слободно дишат и може да продолжат со хемотерапијата. 

Белодробните тумори се доста хетерогена група на  заболувања, но, сепак, речиси сите видови белодробни тумори во тек на растот можат да доведат до опструкција на дишните патишта. Оваа компликација е  тешка за пациентот бидејќи му го ограничува нормалното живеење и доведува до доживотни потешкотии со дишење, но и за лекарот поради немањето  опции за соодветен третман.

Д-р Оливер Јовковски, пулмоалерголог,  вели дека со новата опрема со која се користи аргон плазма на пациентите им се дава нова шанса за поквалитетен живот, а при самата интервенција има помала опасност да настанат опасни компликации.

Важно е што опасноста да настанат компликации е многу мала поради строго контролираната длабочина на горење со новата техника“, вели д-р Оливер Јовковски.

За оваа интервенција потребно е професионален тим кој се состои од искусен анестезиолог, пулмолог и торакален хирург. Интервенција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е направена двапати, и тоа со добар успех. Иако станува збор за комплициран процес, тимот од болницата покажал дека е на врвот на задачата.

„Состојбата на двата пациенти, 45-годишна жена и 70-годишен маж е значително подобрена. Слободно дишат и може да продолжат со хемотерапијата.  Кај нас во последните години се изведува комплетна молекуларна дијагностика, имуно-хистохемиска и други методи на дијагностика, по што се гледа дали пациентот е кандидат за новите типови терапија, таргет терапија или имуно. Ова е нов начин на терапија што го принудува организмот сам да се бори и да преживее“, вели Д-р Јовковски.

Докторот вели дека туморите на белите дробови се многу чести, особено кај мажите.  Сепак, малигните болести на белите дробови се хетерогени, вели д-р  Јовковски  по многу типови и локација. Симптомите за ваков тип заболување се кашлица, искашлување крв, нагло слабеење,  изнемоштеност. Пушењето и аерозагадувањето се сметаат за главни причинители за појава на канцер на белите дробови.

Аргон плазма во третманот на белодробните тумори – нова  метода во „Аџибадем Систина“