fbpx

„Аџибадем Систина“ со поддршка и афирмација за планинарскиот спорт

12.12.2018

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и оваа година се приклучи кон одбележување на „Светскиот ден на планината“, 9 декември. Целта на овој традиционален настан е да се зголеми важноста на планината, но и да се поттикне љубовта на идните генерации кон убавините и благодатите на планината.

„Аџибадем Систина“ на еден од најистакнатите планинари Буранедин Сали ќе му овозможи бесплатни кардиолошки прегледи во 2019 година со цел да се превенираат незгодите што се случуваат за време на планинарењето. 67-годишниот Буранедин, член на планинарското спортско друштво „Бистра“, досега 1000 пати го искачил врвот Солунска Глава, подвиг со кој влезе во Гинисовата книга на рекорди .

Како лидер во превенција и третман на спортски повреди Клиничката болница „Аџибадем Систина” континуирано ги поддржува спортските клубови, меѓу кои се и планинарските активности.