fbpx

Аџибадем Систина работи со зголемени безбедносни протоколи во услови на Ковид-19

10.04.2020

AcibademSistina

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од самиот почеток на ситуацијата предизвикана од коронавирусот во насока на превенција, заштита и безбедност на пациентите и сите вработени воведе посебен протокол на движење низ болницата.

Со започнувањето на вршење тестирање од вирусот Ковид-19, болницата дополнително ги зголеми безбедносните мерки и воведе дополнителни протоколи за пациентите, вработените, медицинските лица и оние кои доаѓаат за тестирање. Лабораториите каде што се вршат и брзите тестови и молекуларните тестови се целосно изолирани од болницата и се наоѓаат во посебен дел во клиничкиот двор.

Сите пациенти кои доаѓаат за тестирање немаат никаков контакт со болницата туку се проследуваат директно до обезбедениот дел за тестирање. Сите други оддели на  Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работат со полн капацитет и непречено се нудат здравствени услуги за сите пациенти. Редовните закажани термини за прегледи и интервенции исто така се одвиваат непречено.

Ургентниот центар за возрасни и педијатрискиот ургентен центар работат 24 часа, секој ден во неделата.

Останете безбедни, ние се грижиме за вашето здравје.