fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОРГАНИЗИРАШЕ СТРУЧЕН СОСТАНОК ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА СИФИЛИС

07.04.2023

По повод светскиот ден на здравјето, 7 април, во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се одржа онлајн стручен состанок на тема „Нова ера на старите болести – сифилис“. Стручниот состанок имаше за цел да ја подигне свеста за оваа болест, која во земјава бележи тренд на пораст.

Состанокот со поздравен говор го започна медицинскиот директор на болницата, проф. д-р Игор Кафтанџиев, како и шефот на Одделот за дерматовенерологија проф. д- Андреј Петров, кој е воедно и претседател на Здружението на дерматовенеролози.

sifilis

Предавачи на состанокот беа: д-р Весна Пљакоска, дерматовенеролог која зборуваше за клиничките стадиуми на сифилис, доц. д-р Корнелија Трајкова, гинеколог акушер, која ги објасни препораките за дијагноза и третман на сифилис во бременоста, а д-р Биљана Ќурчиќ, микробиолог, даде стручно објаснување во однос на комплексноста на тестирањето за сифилис. Генералните препораки за лекување на оваа болест ги објасни проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог.

AS Zoom Collage

Стручниот состанок го следеа над 100 лекари од најразлични специјалности. Состанокот е во организација на Здружението за дерматовенеролози во соработка со Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом и Македонското здружение за сексуално преносливи болести и е акредитиран од Лекарската комора.