fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД ПРВИОТ КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА

12.04.2024

Од  5 до 7 април 2024 во Охрид се одржа Првиот конгрес на Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН на тема „Со едукација до искуство“. На конгресот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа Марина Николоска и Андроники Бибовска кои се претставија со темата „Room of errors“ – Соба со грешки. Покрај стручниот дел, тие беа и дел од организацијата, како членови на Управниот одбор.

anestezija

Конгресот го посетија над 240 учесници од речиси сите јавни и приватни здравствени установи од Македонија и регионот, а нашата болница ја претставија повеќе од 20 учесници од одделите за анестезија и интензивна нега. За време на двата конгресни денови беа презентирани 25 стручни теми, практични примери, работилници, споделени искуства и новитети во работата.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е болница што дава континуирана поддршка во едукацијата и развојот на медицинските сестри, а доказ за тоа е присуството на наши членови на сите настани поврзани со едукативни предавања и стручно усовршување. Темата со која настапи нашата болница беше одлично прифатена од сите учесници и се разви дебата околу можноста за одржување на симулациски тренинзи и во други болници според принципот на „Аџибадем Систина“.