fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА” ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА „ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР 2023” ЗА ПРВА ПОМОШ ПРИ ЗЕМЈОТРЕС

19.10.2023

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со свои медицински екипи и амбулантски возила беше дел од големата симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“, која се организираше по повод одбележувањето на 60- годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
На вежбата ѝ претходеше и работна точка спасување, со преземање на повредени од срушен мост на реката Вардар во близина на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, пренесување преку реката Вардар и транспорт на повредените во ургентниот центар на болницата.

Целта на вежбата беше да се претстават капацитетите, можностите и да се провери нивото на подготвеност на персоналот за справување со последици од земјотрес и пожар, постапување при дадени инструкции за евакуација на објектите, како и проценка на ефикасноста и ефективноста при заемното дејствување со другите надворешни субјекти од системот за заштита и спасување во земјава.