fbpx

22 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА,  „МАЛА БОГОРОДИЦА – СИСТИНА“ СОЗДАДЕ КОМПЛЕТЕН ЦЕНТАР ЗА ГРИЖА НА РОДИЛКИТЕ И НОВОРОДЕНЧИЊАТА

14.02.2023

Брендот „Систина“ испишува историја, 22 години од основањето на првата приватна  специјална болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“. По повеќе од две децении успешна работа и воведување на најсовремени светски трендови во медицината, „Систина“ стана синоним за доверба и докажан лидер во земјава и регионот. За успешноста на брендот зборува и уште еден значаен јубилеј кој болницата го одбележа во декември 2022, а тоа е раѓањето на 20 000-то бебе од основањето. Јубилејната бројка е само поттик за понатамошни инвестиции и максимална посветеност на женското здравје и здравјето на идните поколенија.

Успешната приказна на „Систина“, која започна од 2001 година, продолжи со уште посериозна инвестиција со отворањето на првата приватна клиничка болница „Аџибадем Систина“ во 2010 година, со што се создаде комплетен Центар за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција, а болницата прерасна во најголемо приватно родилиште во регионот. Годишно, во „Аџибадем Систина“ се раѓаат над 1 500 новороденчиња, а во грижата за пациентките, на располагање е тим од 22 гинеколози акушери со големо искуство и знаење, 10 акушерки, 50 медицински сестри и друг медицински кадар. Покрај развојот во областа на акушерството, тука се изведуваат и дијагноза и третман на сите гинеколошки заболувања и состојби. Дополнително, во болницата функционира Одделот за неонатологија, како и високоспецијализираната Единица за неонатална интензивна нега. Во 2020 година, „Аџибадем Систина“ ја создаде и најголемата приватна педијатриска болница и единствен педијатриски кардиохируршки центар, кој нуди рана дијагностика на срцеви заболувања уште во текот на бременоста и нивниот третман.

„Аџибадем Систина“ денес е лидер и во областа на асистираната репродукција, а во Центарот за асистирана репродукција на болницата е родено и првото бебе зачнато со помош на ин витро технологија во земјава. Специјализираниот Центар за асистирана репродукција е составен од врвни професионалци со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција и бележи највисок процент на успешно реализирани циклуси во земјава и регионот.

ACIBADEM SISTINA BABY – КОНЦЕПТ ЗА ЗДРАВА МАЈКА И СРЕЌНО БЕБЕ

Со цел трудниците да се чувствуваат сигурно и посебно, болницата го создаде концептот„Acibadem Sistina Baby“ кој вклучува специјални пакети за породување во кои се вклучени едукација за здрава бременост и грижа на новороденчето, бесплатни јога-вежби, медицинска масажа, бесплатни скрининзи на новороденчето, производи и водич за нега на новородени, како и многу подароци и изненадувања.