fbpx

Тимот на Kлиничка болница „Аџибадем Систина“ подготвен да одговори во случај на вонредни состојби

03.12.2016

Тимот на Kлиничка болница „Аџибадем Систина“ подготвен да одговори во случај на вонредни состојби

IMG 3370

Брза реакција во случај на земјотрес и успешна евакуација на пациентите и сите присутни во болницата. Успешна координација и поддршка на екипата на противпожарна во гаснење на пожар предизвикан од земјотрес. Вработените во „Аџибадем Систина“ денеска одговорија на сите предизвици во случај на вонредни и непредвидени состојби.

Персоналот на Клиничката болница Аџибадем Систина предводен од Штабот за заштита и спасување на болницата денеска спроведе вежба за проверка на подготвеноста на тимот за брз и соодветен пристап при појава на кризни состојби кои може да ја нарушат безбедноста на сите присутни во болницата. Едночасовната вежба опфати обука за справување на последиците од земјотрес, вежба за справување со пожар, евакуација на пациенти, посетители на болницата, вработени, како и повредени лица и нивен пренос до безбедна локација.

„Целта на спроведување на акцијата е да бидеме сигурни дека персоналот во болницата е подготвен и може да одговори за време на кризни состојби од било кој вид. Преку оваа акција денес видовме дека персоналот е обучен на тој начин што може да биде поддршка на одговорните тимови (полиција, противпожарна…), може да преземе неопходни акции за евакуација на пациенти и нивните семејства или нивен пренос во безбедна локација. Во случај на опасност, важно е сите Оддели да работат координирано и да бидат водачи на планот за заштита и спасување. После денешната вежба може да констатирам дека „Аџибадем Систина“ има ефекасен систем за заштита и превенција на сите директно инволвирани учесници за време на кризна ситуација. Денес потврдивме дека „Аџибадем Систина“ е подготвена да одговори на ваквиот предизвик.“, изјави Нина Пијаде Мирковска, командант на Штабот за заштита и спасување во вонредни состојби на Клиничка болница „Аџибадем Систина“.

Безбедноста и заштитата на персоналот и пациентите е еден од главните приоритети на Клиничката болница „Аџибадем Ситина“.

„Безбедноста и заштитата на нашиот персонал и пациентите се еден од главни приоритети. Кружниот тек на движење низ болничкиот простор овозможува лесен пристап до секоја точка низ болницата што е од голема корист, посебно во време на кризни состојби. Просторот низ болницата е прецизно обележан на тој начин што овозможува непречено движење до соодветната локација.“ изјави Нина Пијаде Мирковска.

Вежбата е во согласност со  одредбите од Законот за заштита и спасување според утврдени протоколи за реакција во кризни ситуации. Истата се реализираше во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарната бригада и Црвениот крст.

[widgetkit id=75]