fbpx

Најсовремен ласерски третман на зголемена простата

15.09.2015

Најсовремен ласерски третман на зголемена простата

Пациентите со зголемена простата имаат можност за безбеден, ефикасен и едноставен третман со помош на револуционерниот ласерски систем GREEN LIGHT.

За време на третманот ласерските зраци брзо и прецизно го отстрануваат вишокот ткиво од простата со што се ослободува главниот уринарен канал и се враќа природниот проток на урината. Целиот третман е безбеден, ефикасен и едноставен, без ризик од оштетување на околните ткива и кpвни садови. Пациентот веднаш ги чувствува резултатите, како олеснето уринирање, за разлика од третманот со другите минимално инвазивни процедури во лекувањето на бенигна хиперплазија на простата. Предностите на ласерскиот третман во однос на класичен хируршки интервенции се: без хируршки рез и без крварење; само 30% од пациентите по интервенцијата имаат потреба од катетер; ослободување од симптомите истиот ден; без ризик од еректилна дисфункција и постоперативна импотенција. Целата интервенција се изведува на тој начни што докторот го внесува цистоскопот преку простатичната уретра, во близина на опструкцијата. Co пулсирање на светлина се затоплува околното ткиво и се евапоризира (испарува). Третманот трае додека не се ослободи главниот уринарен канал. Во некои случаи се вметнува привремен катетер кој ќе овозможи да се испразни мочниот меур. Целата интервенција трае околу еден час. Два дена по интервенцијата пациентот се пушта на домашно лекување, a пo три може да се врати на секојдневните активности.

Детални информации прочитајте на Револуционерен третман на зголемена простата