Аџибадем Систина

СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА НА ТИМОТ ОД АНЕСТЕЗИЈА И ЕДУКАЦИЈА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОБЈАВЕНИ ВО JARSS

18.08.2025

Oфицијалното списание на Асоцијацијата на доктори специјалисти по анестезија и реанимација (ARUD) — Journal of Anesthesiology and Reanimation Specialist's Society (JARSS) — ги објави стручните трудови на нашиот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Се работи за дипл. мед. сестра специјализирана за анестезија, Андроники Бибовска, д-р. мед. науки Ивица Димитров — специјалист по анестезија и реанимација со интензивно лекување и доц. д-р Дарко Саздов — специјалист по анестезија и реанимација со интензивно лекување.

Нашиот тим учествуваше со стручни предавања на IX балкански денови на анестезијата, кои се одржаа од 24 до 27 април 2025 година на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје. Конгресот беше организиран од Асоцијацијата на доктори специјалисти по анестезија и реанимација (ARUD), а темата на годинешниот настан беше: „Подготвеност при катастрофи во анестезија и интензивно лекување“.

Во рамки на научната програма, како поканети предавачи, од болницата „Аџибадем Систина“ учествуваа:

•             Андроники Бибовска, со предавање на тема: „Проценки и менаџмент на ризици во операционите сали“;

•             Доц. д-р Дарко Саздов, со предавање: „Симулациски тренинзи и подготвеност на медицинските сестри во менаџирање на катастрофи“.

Journal of Anesthesiology and Reanimation Specialist's Society (JARSS) е официјално научно списание на ARUD, индексирано во TÜBİTAK ULAKBİM TR Dizin, EMBASE, EBSCO (од 2018 година) и Scopus (од 2002 година). ARUD има активна соработка со Македонското здружение на анестезиолози.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ континуирано инвестира во растот и развојот на своите вработени. Нашите медицински сестри и доктори редовно учествуваат на стручни настани, посветени на размена на знаења и искуства, со цел унапредување на професионалната практика и зголемување на подготвеноста за справување со секоја непредвидена ситуација.

Во прилог линк од списанието и објавените трудови:
 
 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.