Аџибадем Систина

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“- ПРЕДАВАЧИ НА 13. СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ЕДУКАЦИЈА И КЛИНИЧКА ПРАКТИКА

22.07.2025

Главната медицинска сестра на „Аџибадем Систина“, Билјана Дилевска и медицинската сестра за едукации и тренинзи, Андроники Бибовска, одржаа предавање на тема: „Соба со грешки - симулациска обука за едукација на сестри и зголемена безбедност на пациенти според JCI-стандарди“  на 13. Светски конгрес за едукација и клиничка практика од 14 до 16 јули 2025 во Виена, Австрија.
 
На конгресот учествуваа 60 предавачи од САД, Канада, Англија, Кина, Австралија, Чиле, Јужна Кореја, Израел, Финска, Швајцарија, Гибралтар, Тајланд, Норвешка, Турција, Тајван, Јапонија, Пакистан, Шпанија, Германија, Португалија, Бугарија, Хрватска, Кенија и Колумбија. Модератори  беа еминентни професори од најголемите центри за едукација на медицински сестри. На конгресот беа обработени теми поврзани со современи начини на едукација на медицинските сестри низ светот, со посебен акцент на  електронските обуки и користењето на вештачката интелигенција како современа алатка за едукација.
 
Темата со која се претстави КБ „Аџибадем Систина“ предизвика големо внимание по што  се разви дискусија за начинот на работа и обука на медицинските сестри во нашата болница. Преку нашиот успешен приказ, учесниците на конгресот имаа можност да ги увидат големината и професионалниот пристап на работа во „Аџибадем Систина“ која работи според престижната JCI-акредитација, акредитација што е показател за квалитет и безбедност. КБ „Аџибадем Систина“ веќе неколку години ги применува електронските обуки како начин за побрз пристап кон едукативни материјали, а во последните две години тие се одвиваат со помош на гејмифицирана обука, направена со асистенција на вештачка интелигенција.
 
Како признание за иновативниот пристап и високите стандарди, тимот на „Аџибадем Систина“ доби официјална покана од организаторите за идна соработка, како и за учество на медицински сестри од болницата на следното издание на конгресот следната година.
 

 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.