fbpx

ПРВОТО БЕБЕ ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА ВО 2023 ГОДИНА

03.01.2023
CAN
CAN

Ова е малата Лара, првото бебе родено на Одделот за неонатологија во 2023 година. Девојчето се роди на 01.01.2023 година во 00:45 часот, а на свет го донесе тимот предводен од д-р Златко Палчевски – специјалист по гинекологија и акушерство. Бебето се роди со тежина од 3180 грама и 50 сантиметри должина. За неговото здравје задолжена беше д-р Радица Муратовска – Делимитова, специјалист по педијатрија.

Мајката Миа и бебето Лара се чувствуваат одлично.