fbpx

Процентот на преживување на пациентите на Кардиохирургија во „Аџибадем Систина” повисок од проектираниот

30.04.2019

Нова потврда за успешноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Според резултати кои се однесуваат за минатата година, смртноста во кардиохируршки елективни процедури  во „Аџибадем Систина” е 1,90 проценти. Процентот на морталитет е понизок од проекцијата на Европското здружение на кардиохирурзи според која за „Аџибадем Систина” бил прогнозирана смртност од 2,04 отсто.

Нискиот процент на морталитет е доказ за подготвеноста на кадарот во болницата, за опременоста со тоа уште еднаш се докажа зошто „Аџибадем Систина” е прва по ранг болница.

И други споредбени истражувања покажаа добри резултати на Клиничката болница „Аџибадем Систина” и за одделот Кардиохирургија.

Минатата година овој оддел, впрочем, изведе револуционерни медицински потфати со кои болницата се издвои како лидер во регионот, но и пошироко.

Беше изведена и операцијата на вградување на целосно вештачко срце, за прв пат во Македонија.