fbpx

ПО 7 ГОДИНИ НЕИЗВЕСНОСТ, СТОИМЕН И МИРЈАНА СЕ ГОРДИ РОДИТЕЛИ НА МАКСИМ

12.10.2023

Малиот Максим е доказ дека д-р Митко Ивановски е вистинскиот избор и најдобриот доктор во регионот, велат Стоимен и Мирјана.

Овој брачен пар од 2016 година, обидувајќи се да се реализираат како родители, а соочени со разочарувања по секој неуспешен обид, сфатил дека желбата за потомство не секогаш резултира со успех, па сепак не се откажувал и одлучил да побара помош од стручно лице.

„Потрагата наша по најуспешниот доктор од регионот во оваа област укажa дека болницата ‘Аџибадем Систина’ го има д-р Митко Ивановски, специјалист по гинекологија и акушерство. Поради бројните препораки и успешни случаи, без дилема одлучивме тој да биде ‘виновникот’ за исполнување на нашата желба и сон.“

storija

Посветеноста, поддршката и професионалноста на д-р Ивановски низ целиот процес во изминатите години, а потоа и при водење на бременоста, ја потврдиле вистинската одлука на семејството Стоилови.

„Морална должност ми е да напоменам дека д-р Ивановски и во најтешките моменти беше со нас, за што сме му бескрајно благодарни и токму затоа немавме дилема дека тој ќе се грижи за мојата бременост и ќе го донесе на свет нашиот Божји дар Максим. Моја топла препорака до сите парови е да веруваат и да го одберат најдобриот доктор”, вели гордата мајка Мирјана.

image

Успешната приказна на семејството Стоилови е само пример и поттик за сите парови да не се откажуваат од својот сон.

storija