fbpx

БЕСПЛАТНО ДО ВАШИОТ ДОМ – „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВОВЕДУВА ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

15.06.2020

homelab web

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува можност за земање материјал за лабораториски испитувања и анализи, како и тестирање за детекција на Ковид-19 со брз серолошки тест во домашни услови. Стручна и професионална мобилна екипа од болницата, со високо опремено возило доаѓа во вашиот дом бесплатно, по што примероците безбедно и брзо се транспортираат за лабораториска анализа во Дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“.

Добивањето на резултатите зависи од нарачаната лабораториска услуга (примерок крв, урина, брис од нос, уво или грло), односно потребното време за изработка на анализата и истите се доставуваат на електронска пошта, посочена од страна на пациентот.

Мобилната екипа за земање примероци за лабораториски анализи од вашите домови е достапна само на територијата на Град Скопје, секој работен ден во периодот од 9 до 11 часот. За користење на услугата, потребно е пациентите еден ден претходно да извршат закажување во контакт-центарот на „Аџибадем Систина“ на телефонскиот број 02 3099 500, од каде ќе добијат детали за услугата и упатство за припрема за бараната анализа.

Ваквиот новитет во болницата се воведува како одговор на потребите на пациентите кои од кои било причини, особено во услови на пандемија со коронавирусот Ковид-19, не се во можност физички да достават примерок за лабораториска анализа во нашата болница.

Одделот за дијагностички лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди комплетен спектар на лабораториски услуги и брзи и точни резултати. Високата стручност и професионалност и постојаното имплементирање на современи протоколи во работењето на Дијагностичките лаборатории резултираше со доделување на ISO:15189 акредитација. Овој стандард гарантира континуирана контрола на квалитет во медицинските лаборатории. Акредитацијата е доказ дека резултатите и наодите издадени од нашите лаборатории се изработуваат според меѓународно признат стандард и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет. Со имплементација на овој стандард, резултатите и наодите од Дијагностичките лаборатории се признаени како во нашата земја, така и во секоја држава во светот.

Дијагностичките лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се први и единствени во земјава со истовремено акредитирани хистопатолошки, микробиолошки и биохемиски методи. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е акредитирана и според највисоките JCI-стандарди за безбедност и квалитет.

Препораки за подготовка на пациентите за лабораториски анализи 

Лабораториски услуги
ХЕМАТОЛОГИЈА
Крвна слика со Ретикулоцити
Крвна слика
Седиментација на еритроцитите
ПОСЕБНО
Тест за бременост во Серум
Тест за бременост во урина
АНАЛИЗА НА УРИНА
Биохемиска анализа на урина
МИКРОБИОЛОШКИ АНАЛИЗИ
Брис од нос
Брис од грло – бактериолошки
Брис од десно уво – бактериолошки
Брис од лево уво – бактериолошки
Брис од коњуктива – десно око
Брис од коњуктива -лево око
Урина, за уринокултура, спонтана микција
Копрокултура
ТЕСТ ЗА COVID-19
COVID-19 IgG/IgM брз тест
ГЛУЦИДЕН СТАТУС
Глукоза, на гладно
Гликозилиран Хемоглобин (HbA1c DCCT/NGSP)
СПЕЦИФИЧНИ ПРОТЕИНИ
Ц-Реактивен Протеин (CRP), Квантитативно
Антистрептолизински тест, Квантитативен (ASLO)
ЕЛЕКТРОЛИТИ
Натриум (Na)
Калиум (К)
Хлориди (Cl)
Калциум (Ca)
Фосфати, неоргански (P)
Магнезиум (Мg)
Серумско Железо
Вкупен капацитет за врзување на Железо -TIBC
Незаситен капацитет за врзување на Железо (UIBC)
ЕНЗИМИ
Алкална фосфатаза (АLP)
Аспартат аминотрансфераза (AST)
Аланин аминотрансфераза (АLТ)
Креатин киназа (CK)
Креатинин киназа-изоензим-МБ (CK-MB)
Лактат Дехидрогеназа (LDH)
Гама Глутамил Транспептидаза (GGT)
Амилаза, серум
Липаза
ЛИПИДЕН СТАТУС
Вкупен Холестерол
Триглицериди
Холестерол (HDL)
Холестерол (LDL)
Холестерол (VLDL)
ПРОТЕИНИ И ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
Вкупни протеини
Албумини
Глобулини
Вкупен Билирубин
Директен Билирубин
Индиректен Билирубин
Уреа
Креатинин
Мочна киселина
ЛЕКОВИ
Валпроична киселина
Ванкомицин
КОАГУЛАЦИИ
Активирано Парцијално време на Тромбинот (aPTT)
Протромбинско време (INR)
Тромбинско време (TT)
Фибриноген
Д-Димер
ХОРМОНИ НА ФЕРТИЛИТЕТ
Фоликулостимулирачки хормон (FSH)
Лутеинизирачки хормон (LH)
Пролактин (PRL)
Естрадиол (Е2)
Вкупен Тестостерон
Прогестерон (PROG)
Анти Милериан хормон (AMH)
ХОРМОНИ НА НАДБУБРЕЖНА ЖЛЕЗДА
Кортизол
ДехидроепиАндростендион Сулфат (DHEA-s)
ОСТЕОПОРОЗА
Паратиреоиден хормон (1-84) – биоактивен
Витамин Д, 25-хидрокси (Vit-D 25-OH)
РЕУМА
Реуматоиден Фактор (RF) во крв
СЕПСА
ПроКалцитонин
ХЕПАТИТ Б
Површински Антиген за Хепатит Б (HBsAg)
Вкупни антитела против јадрото на Хепатит Б (anti-HBc)
Антитела против површинскиот антиген на Хепатит Б (anti-HBs)
ХЕПАТИТ Ц
Антитела против Хепатит (anti-HCV)
ХИВ/СИДА
Комбиниран тест за Антитела (1-2) + п24 Антиген на ХИВ
ДИЈАБЕТ
Инсулин
КАРДИОЛОШКИ АНАЛИЗИ
Тропонин Т
ХОРМОНИ НА ТИРЕОИДНА ЖЛЕЗДА
Тиреостимулирачки хормон (TSH)
Слободен Тетрајодтиронин (FT4)
Слободен Тријодтиронин (FT3)
ТиреоГлобулин (TG)
Антитела на ТиреоГлобулин (anti-TG)
Тиреоидни Пероксидазни Антитела (anti-TPO)
АНЕМИЈА
Витамин Б12, (Vit B12)
Фолна киселина
Феритин
АНАЛИЗИ СПЕЦИФИЧНО
Хуман Хорионски Гонадотропин (B-HCG)
ТУМОР МАРКЕРИ
АлфаФетоПротеин (AFP)
Карциноембриоген Антиген (CEA)
CA 125
CA 19-9
CA-15-3
CA 72-4
Простата специфичен Антиген, Вкупен (PSA)
Простата специфичен Антиген, Слободен (fPSA)
Хуман Епидидимален Протеин 4 (HE4)
ROMA предменопауза – пакет  HE4 со Ca 125
ROMA постменопауза – пакет HE4 со Ca 125
АЛЕРГИИ
Имуноглобулин Е, Вкупен, IgE