Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа поканети предавачи на Вториот конгрес за ХПВ-инфекции и асоцирани болести, во организација на Форумот на Југоисточна Европа за ХПВ (SEEFHPV), кој се одржа во Скопје, во периодот од 30 јануари до 1 февруари 2026 година. Како признати експерти во своите области, поканетите предавачи од „Аџибадем Систина“ настапија со стручни предавања и презентираа сопствени клинички искуства и резултати, придонесувајќи за унапредување на мултидисциплинарниот пристап во дијагностиката, третманот и превенцијата на ХПВ-инфекциите и асоцираните заболувања.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.