Аџибадем Систина

НОВ ЦИКЛУС НА ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

06.02.2026

Во „Аџибадем Систина“ започна нов циклус на гимнастика за бебиња – уникатен програм кој за првпат беше воведен во земјава во ноември и веднаш наиде на голем интерес кај мајките и нивните најмали.
Часовите се одржуваат во забавна и опуштена атмосфера, целосно прилагодена на потребите и ритамот на бебињата, со цел да се поттикне правилен раст и развој уште од најрана возраст. Вежбите се внимателно осмислени и прилагодени според возраста на детето, со посебен фокус на моторниот развој, координацијата и зајакнувањето на мускулатурата.
Гимнастиката ја води Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија, која со стручен пристап и голема посветеност ги насочува родителите и бебињата низ секој час, создавајќи чувство на сигурност и доверба.
 
Овој тип на организирана физичка активност носи бројни придобивки за физичкиот и психомоторниот развој на децата и претставува одлична можност за квалитетно поминато време помеѓу родителите и нивните бебиња. За сите учесници на часовите по гимнастика беа обезбедени и подароци од нашите Acibadem Sistina Baby пријатели. 
 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.