fbpx

„Аџибадем Систина“ прогласена за амбасадор на добрината

30.04.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше прогласена за амбасадор на добрината откако несебично се приклучи на мисијата за ширење на добрината. Епитетот и благодарницата е од Inner Wheel Club Skopje, кој и оваа година го одржа настанот „Правиме добри дела и растеме заедно“, чиј поддржувач беше и нашата болница.

Настанот на кој се одбележа Pay it forward day се одржа на 14 април годинава на Школка во Градски парк. Тоа, според организаторот, е ден кога треба да се потсетиме дека во секој од нас лежи добрина. На настанот се обединиле повеќе од 70 компании и институции кои несебично се приклучиле во мисијата на ширење на добрината. Тоа се амбасадорите на добрината, меѓу кои е и Клиничката болница „Аџибадем Систина„.

„Не сме сигурни колку добри дела направивме сите заедно, веројатно се илјадници, но тоа и не е најважно. Важно е дека се обединуваме и сите заедно го правиме светот поубаво место за живеење. Покажавме дека ние сме промената која сакаме да ја видиме во светот“, соопшти организаторот.

„Аџибадем Систина“ ќе продолжи да прави добри дела затоа што тоа е во суштината на нејзиното функционирање. Добрината и хуманоста се секојдневни водилки. Нашата болница веќе три години е дел од оваа хуманитарна мисија обезбедувајќи бесплатни прегледи за граѓаните.