fbpx

Политика за приватност

Известување за приватност

1. Вовед

Нашата Политика за заштита на личните податоци го регулира начинот на користење и чување на Вашите лични податоци.

2. Кои лични податоци ги собираме од вас?

Клиничка Болница Аџибадем Систина е контролор на личните податоци кои Вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате. Во зависност од потребите ние ги обработуваме следниве видови на лични податоци  добиени од Вас:

  • Податоци за идентификација (име, презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, клинички ИД број, фотографија и сл.)
  • Податоци за здравствена состојба
  • Националност
  • Име и презиме на контакт лице
  • Број на лична карта
  • Аудио снимки
  • Видео снимка
  • Контакт податоци (адреса на живеење, e-mail, телефон и сл.)

3. Како ги собираме вашите лични податоци?

Вие директно ни ги давате личните податоци кои ги собираме. Ние ги собираме податоците и ги обработуваме кога Вие:

  • Доаѓате во Клиниката за да добиете некоја здравствена услуга,

Се јавувате во нашиот call center за да закажете термин за преглед, да поставите прашање или да се информирате за некоја услуга.

4. За која цел ги собираме Вашите лични податоци?

Нам ни се потребни Вашите лични податоци за да Ви пружиме здравствени услуги за хоспитални и амбулантски прегледи, во одредени случаи за кои претходно ќе биде прибавена Ваша согласност за  да ги објавиме Вашите лични податоци на медиуми (newsletter, социјални медиуми, медиуми, билборди, рекламни материјали, веб страна, ТВ во болница и сл). Вашите лични податоци можат да бидат обработувани и за други цели за кои ќе имаме законски основ и за кои ќе се погрижиме да бидете дополнително известени.

5. Како ќе ги користиме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци, освен од Клиничка Болница Аџибадем Систина, се обработуваат од трети страни со кои Болницата има склучено договор. Хостирањето и чувањето на Вашите лични податоци се одвива во HIS (Hospital Information System), LIS (Laboratory Information System) како и Tenay софтверот чијашто база е лоцирана во Р.С.Македонија.

Во некои случаи, предвидени со Закон, вашите лични податоци може да бидат откриени и на Центарот за јавно здравје, Министерство за здравство и други државни институции кои постапуваат согласно Закон.

При користење на услуги од трета страна, Клиничка Болница Аџибадем Систина ќе се осигура дека третата страна ќе обезбеди соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, како што се бара во Законот за заштита на личните податоци.

6. Законски основ

Законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е во зависност од целта за нивна обработка. Како на пример одреден закон (Закон за заштита на населението од заразни болести, Закон за здравствена заштита, Закон за заштита на правата на пациентите и сл.), исполнување на договор помеѓу нас и вас како пациент, остварување на бизнис цели на Аџибадем Систина или добиена согласност од ваша страна.

7. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Согласно интерните прописи на Клиничка Болница Аџибадем Систина, обврзани сме да ги чуваме Вашите лични податоци (податоците во медицинската историја, податоци за прегледи и сл.), согласно Политиката за чување на лични податоци и согласно Законските рокови. По истекот на Законски предвидените рокови, Вашите лични податоци ќе бидат трајно уништени.

8. Кои се Вашите права?

Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.

Право на исправка – доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.

Право на бришење – имате право да побарате согласно Законски предвидените рокови за тоа да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговарате на обработката а ние не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.

Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.

Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.

Ако сеуште сметате дека Вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив.

Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниот емаил dpo@acibademsistina.mk, на телефонскиот број 02 309 9500 или лично во просториите на Клиничка Болница Аџибадем Систина на ул. Скупи 5 А, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.