Викендов во Скопје првпат се одржа Саем за плодност и репродуктивно здравје, во организација на здружението „До бебе по патот на ИВФ“. Настанот обедини здравствени професионалци од различни здравствени установи со заедничка цел – подигнување на свеста за значењето на репродуктивното здравје, информирање за можностите за лекување на неплодноста и поддршка на паровите кои се соочуваат со предизвици на патот до родителството.
Дел од овој настан беше и тимот од Одделот за асистирана репродукција при Клиничката болница „Аџибадем Систина“. На саемот учествуваа: гинеколозите м-р доктор Клементина Кузеска, м-р доктор Александар Бојаџиев и д-р Младен Ристески, како и ембриолозите м-р Даниела Христов, Биљана Палчевска, Марија Ѓорѓиевска и м-р Ана Орлиц.
Посетителите имаа можност да разговараат со стручни лица, да добијат одговори на прашањата поврзани со испитувањата на плодноста, најчестите причини за тешкотии со зачнувањето, ин витро оплодувањето (ИВФ), како и за современите дијагностички и терапевтски можности. Преку директна комуникација со специјалистите, тие добија корисни информации, стручни насоки и поддршка за полесно носење одлуки во врска со своето репродуктивно здравје.
Учеството на вакви настани, кои испраќаат јасна порака дека репродуктивното здравје не смее да биде табу-тема, претставува значајна можност за споделување знаење, размена на искуства и отворена комуникација со пациентите.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.