“Nerve sparing”, лапароскопска радикална простатектомија, претставува безбеден и минимално инвазивен хируршки третман на карцином на простата, каде што се отстранува целата простата, но се зачувуваат нервните петелки (мали нерви кои поминуваат непосредно до простатата) кои се одговорни за потенција и континенција.
Предност на овој тип оперативен зафат е побрзо воспоставување на комплетна контрола врз мокрењето, како и зачувување на ерекцијата. Кандидати за ваков тип третман се пациенти кај кои е откриен рак на простата во ран стадиум, клинички ограничен на самата простата и имаат мал ризик за проширување на болеста. Интервенцијата се изведе на Одделот за урологија под водство на д-р Зоран Крстаноски, д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски.