Во рамки на активностите за подигнување на свеста за значењето на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше едукативни предавања за вработените во компанијата „Концентрикс“.

Д-р Ирена Шуплиновска, специјалист по гинекологија и акушерство и супспецијалист по гинеколошка хируршка онкологија, говореше за важноста на редовните гинеколошки и скрининг-прегледи, со посебен акцент на превенцијата и навременото откривање на гинеколошките малигни заболувања. Д-р Изабела Божиноска, специјалист по радиологија, одржа предавање на тема: „Карцином на дојка“, при што ја истакна важноста на редовните превентивни прегледи и раната дијагностика.
Предавањата наидоа на голем интерес кај вработените, кои активно се вклучија во дискусијата, поставувајќи прашања и добивајќи стручни совети и препораки од докторките.

„Концентрикс" е глобална компанија во областа на технолошките услуги и корисничката поддршка, која соработува со водечки интернационални брендови и е присутна во повеќе од 40 земји низ светот.
Како општествено одговорна компанија, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ континуирано реализира едукативни средби, предавања и превентивни активности, со цел унапредување на здравствената едукација и поттикнување на грижата за сопственото здравје.
Редовните превентивни прегледи и навременото откривање на заболувањата се клучни за успешно лекување и зачувување на здравјето.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.