НЕ СМИСЛУВАЈТЕ ИЗГОВОРИ – ПРЕВЗЕМЕТЕ ЈА КОНТРОЛАТА ВО СВОИ РАЦЕ

06.04.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и здружението за борба против ракот „Борка“ во трговскиот центар „City Mall“ ја спроведоа кампања за намалување на ризикот од појава на рак на дебелото црево „Не смислувајте изговори-превземете ја контролата во свои раце“. 
 
По тој повод на 4-ти и 5-ти Април се спроведе кампања каде преку макета на дебело црево илустративно на граѓаните им се објаснуваше што е болно, а што здраво дебело црево, кои се причините за појава на овој вид на карцином, како да се заштитат, раната дијагностика и современите третмани.
Според проф. д-р Васко Василевски превентивните прегледи се најефикасен и најевтин лек, а акцентот треба да се стави на примарната превентива. Колоноскопијата треба да е задолжителен превентивен преглед кај лицата над 50 години кои немаат никакви симптоми.
„Доколку колонскопијата е негативна тогаш следното снимање треба да биде по 10 години“, додава д-р Василевски. Тој потенцира дека симптоми кои луѓето треба да ги натера да одат на лекар се јаки грчеви и болки во стомакот, опструкции, крварења, недоиспрезнето црево, нејасна анемија.
Според д-р Василевски луѓето од колонскопијата се плашат заради резулатите од неа, а не заради самиот преглед. „Во Клиничката болница „АџибадемСистина“ ова снимање се прави со анестезија и за 15 минути завршува прегледот“, објаснува д-р Василевски.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.