Ве информираме дека асс. д-р Мишел Андов e нов член на тимот на Одделот за ендоваскуларна и васкуларна хирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Д-р Андов е васкуларен хирург со значајно професионално искуство во класичната васкуларна хирургија, како и во ендоваскуларниот третман на заболувања на крвните садови, со посебен акцент на отворен третман на аорта и каротидни артерии.
Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, а дополнителна едукација стекнал преку стручни престои во еминентни медицински центри во Србија, Хрватска, Германија, Грција и Бугарија. Во текот на својата 12-годишна кариера, успешно третирал голем број пациенти со различни васкуларни заболувања. Воедно, тој е меѓу првите васкуларни хирурзи, кои активно учествуваа во воведувањето и развојот на ендоваскуларниот третман на аортата во нашата земја.
Неговиот тековен професионален фокус е насочен кон третман на каротидни артерии кај будни пациенти (со примена на локорегионална анестезија). Покрај тоа, поседува богато искуство и во третман на венски заболувања, вклучувајќи ја класичната стрипинг метода кај варикозни вени, како и современи техники како што се: радиофреквентна аблација (RFA), ендовенска ласерска аблација (EVLA) и третман на вени со медицински лепак (Vein glue).