Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви специјални пакети по промотивни цени за оперативен третман на дојка, тироидна жлезда и бели дробови и граден кош, овозможувајќи им на пациентите пристап до современ хируршки третман по поволни цени.
Октомври е месец посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка, негово навремено откривање и значење на соодветниот третман. Во рамките на оваа иницијатива, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали цените и креираше промотивни пакети за оперативен третман на дојка, а дополнително понудата ја прошири со уште два нови пакети со намалени цени за оперативен третман на тироидна жлезда и бели дробови и граден кош, со цел да им овозможи на пациентите полесен пристап до потребната здравствена услуга.
Свесни за зголемениот број пациенти на кои им е потребен оперативен третман, како и за предизвиците со кои се соочуваат во текот на лекувањето, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ преку оваа иницијатива ја потврдува својата посветеност на обезбедување квалитетна, современа и подостапна здравствена грижа. Хируршките интервенции се изведуваат од искусен тим хирурзи, со долгогодишна професионална практика и значајно искуство во изведување на различни оперативни зафати.
Со примена на современи медицински пристапи и високи стандарди во лекувањето, „Аџибадем Систина“ останува посветена на обезбедување сигурна и професионална грижа, приспособена на потребите на секој пациент.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.