Во „Аџибадем Систина“ започна нов циклус на гимнастика за бебиња – уникатна програма која првпат беше воведена во земјава во ноември и веднаш наиде на голем интерес кај мајките и нивните најмали.
Часовите се одржуваат во забавна и опуштена атмосфера, целосно приспособена на потребите и ритамот на бебињата, со цел да се поттикнат правилен раст и развој уште од најрана возраст. Вежбите се внимателно осмислени и приспособени според возраста на детето, со посебен фокус на моторниот развој, координацијата и зајакнувањето на мускулатурата.
Гимнастиката ја води Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија, која со стручен пристап и голема посветеност ги насочува родителите и бебињата низ секој час, создавајќи чувство на сигурност и доверба.
Овој тип организирана физичка активност носи бројни придобивки за физичкиот и психомоторниот развој на децата и претставува одлична можност за квалитетно поминато време помеѓу родителите и нивните бебиња.
За сите учесници на часовите по гимнастика беа обезбедени и подароци од нашите "Acibadem Sistina Baby"-пријатели.Гимнастиката ја води Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија, која со стручен пристап и голема посветеност ги насочува родителите и бебињата низ секој час, создавајќи чувство на сигурност и доверба.