Аџибадем Систина

СТРУЧНА СРЕДБА ЗА ТОРАКАЛНА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

25.11.2025

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа тркалезна маса посветена на торакалната роботска хирургија, на која присуствуваше еден од најистакнатите професори во оваа област – проф. д-р Еркан Каба, специјализиран за торакална хирургија со роботски техники од болницата „Аџибадем Маслак“. За време на посетата, проф. Каба оствари средба со докторите од болницата:
  • м-р доктор Митко Караѓозов - специјалист по тораковаскуларна хирургија
  • проф. д-р Андреја Арсовски – специјалист по градна хирургија
  • д-р Драган Смилевски – специјалист по градна хирургија
  • д-р Оливер Јовковски – специјалист по пулмологија
  • д-р Стефан Николов -  доктор по општа медицина, специјализант по градна хирургија

За време на посетата, проф. д-р Каба ја презентираше технологијата што ја користи во роботската торакална хирургија во болницата „Аџибадем Маслак“, прикажа клинички случаи од својата практика и ги сподели својот професионален п ристап и искуства. Од своја страна, докторите од „Аџибадем Систина“ ги презентираа сопствените долгогодишни искуства, најсовремените технологии и методи на работа, како и актуелните трендови во нивната област, при што се разви плодна размена на професионални сознанија и практични искуства. Нивната заедничка средба претставува значаен чекор во унапредување на стручната соработка и размена на експертиза во рамки на „Аџибадем“- групацијата, како и во поддршката на современи и напредни хируршки практики во нашата земја. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.