За време на посетата, проф. д-р Каба ја презентираше технологијата што ја користи во роботската торакална хирургија во болницата „Аџибадем Маслак“, прикажа клинички случаи од својата практика и ги сподели својот професионален п ристап и искуства. Од своја страна, докторите од „Аџибадем Систина“ ги презентираа сопствените долгогодишни искуства, најсовремените технологии и методи на работа, како и актуелните трендови во нивната област, при што се разви плодна размена на професионални сознанија и практични искуства. Нивната заедничка средба претставува значаен чекор во унапредување на стручната соработка и размена на експертиза во рамки на „Аџибадем“- групацијата, како и во поддршката на современи и напредни хируршки практики во нашата земја.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.