Клиничката болница "Аџибадем Систина" со голема чест го споделува успехот на 16-годишниот Давид Домазетовски, кој го освои првото место и специјална награда на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес.
Но, зад ова злато стои вистинска животна борба...
На само 5-годишна возраст, Давид беше хоспитализиран во нашата болница со тумор на мозокот. Благодарение на експертскиот тим неврохирурзи и мултидисциплинарниот пристап, неговиот живот беше спасен.
„Со секој нов успех на Давид, неизбежно се навраќам на сите тешки моменти низ кои поминавме и на сè што направи 'Аџибадем Систина' за него. Не можам а да не помислам колку би бил горд проф. д-р Јовица Угриновски ако го видеше Давид денес — силен, решителен и победник во животот“ – изјави Ана, мајката на Давид.
Успесите на Давид не запираат, тој минатата недела учествуваше и на натпревар во Швајцарија, каде доби прва специјална награда.
Денес, Давид не е само шампион во спортот - тој е симбол на непокорот, надежта и силата на човечката волја. Му посакуваме уште поголеми успеси и достигнувања!