Аџибадем Систина

ДОКТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО СВОИ ПРЕДАВАЊА НА 21. КОНГРЕС НА МЛД

15.09.2025

Доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со свои предавања учествуваа на 21. Конгрес на Македонското лекарско друштво, кој се одржа од 11 до 14 септември во Скопје. Настанот собра над 1000 учесници, реномирани доктори од целиот свет и претставуваше четиридневна платформа каде што можеа да се слушнат најновите достигнувања од различни медицински области.

Конгресот понуди богата програма со предавања и постер-презентации, кои овозможија да се развијат плодни дискусии, да се разменат мислења и искуства, но и да се отворат нови перспективи во медицината.

На овој значаен научен собир, учество зедоа и докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Д-р Билјана Какарaскоска-Боцеска, специјалист по микробиологија, говореше на тема „CAESAR мрежа и следење на антимикробна резистенција во Република Северна Македонија“. Проф. Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија, одржа предавање посветено на меѓународните упатства за менаџмент на витилиго. Доцент д-р Корнелија Трајкова, специјалист по гинекологија и акушерство, имаше предавање на тема ,,Универзална/gender neutral HPV вакцина”. Д-р Биљана Ќурчиќ, специјалист по микробиологија, заедно со д-р Корнелија Трајкова, ја обработија темата „Микробиом на тапет: дали е дисбиоза или е болест?“ Проф. д-р Катерина Кубелка-Сабит, специјалист по патолошка анатомија, пак, ја презентираше споредбата помеѓу конвенционалната цитологија и цитологија базирана врз течност. Дополнително, д-р Весна Пљакоска, специјалист по дерматовенерологија, имаше улога на модератор на панелот посветен на сексуално преносливите болести во организација на здружението за сексуално преносливи болести и Македонското мултидисциплинарно здружени за хуман микробиом.

Преку своето активно учество на конгресот, докторите од „Аџибадем Систина“ уште еднаш ја истакнаа својата посветеност кон развојот на медицинската наука и унапредувањето на клиничката практика.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.