По летната пауза, во „Аџибадем Систина“ започна нов циклус часови по гимнастика за бебиња, исполнет со игра, дружење, движење и стекнување нови вештини. Нашите најмали учесници, заедно со своите родители, преку внимателно избрани вежби го поттикнуваат моторниот развој, ја подобруваат координацијата и стекнуваат нови искуства. Групните активности овозможуваат учење преку игра, меѓусебна интеракција и социјализација уште од најрана возраст.
Иако часовите се организирани во група, на секое бебе му се посветува индивидуално внимание, со вежби приспособени на неговата возраст и развојни потреби.
Новата група е исполнета со мали гимнастичари подготвени за нови предизвици, а за дополнителна радост на првиот час, сите учесници добија подароци од нашите baby пријатели.
Часовите ги води м-р Дијана Мариновска, магистер по физикална терапија во педијатрија.
Уписите за следната група, која започнува во ноември, се отворени!
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.