КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО СТРАВОВИТЕ И ГРИЖИТЕ ВО БРЕМЕНОСТА?

КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО СТРАВОВИТЕ И ГРИЖИТЕ ВО БРЕМЕНОСТА?

08.10.2026

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа едукативно предавање за идни родители на тема „Анксиозност во бременоста“, кое го водеше м-р д-р Верица Малинкова Димовска, специјалист по психијатрија.

На предавањето се разговараше за најчестите стравови и грижи во текот на бременоста, како да се препознае разликата меѓу нормалната загриженост и анксиозноста, како и за психолошките и физичките симптоми што може да се појават. Посебен акцент беше ставен на стравот од породувањето, влијанието на негативните мисли и важноста на емоционалната поддршка.

Присутните имаа можност да научат практични техники за справување со анксиозноста, а големиот интерес беше проследен со бројни прашања, размена на искуства и активна дискусија.

Главната порака од предавањето беше дека стравот е природен дел од бременоста, но дека навременото препознавање на анксиозноста и барањето стручна помош се важни за менталното здравје и благосостојбата на идната мајка. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.