Во средата, во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, се одржа уште едно предавање од циклусот едукативни средби наменети за идните родители, овојпат на тема „Грижа за кожата и забите во бременоста“.
На предавањето, проф. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија, сподели корисни совети за правилна нега на кожата во текот на бременоста, за најчестите промени што можат да се појават во овој период, како и за тоа кои промени се очекувани, а кога е потребно да се побара мислење од дерматолог.
За значењето на оралното здравје во текот на бременоста зборуваше стоматологот д-р Марио Илковски, кој даде практични препораки за правилна нега на забите и непцата, за превенција на најчестите стоматолошки проблеми и за одржување добра орална хигиена во овој период.
Предавањето предизвика голем интерес кај присутните, кои имаа можност директно да поставуваат прашања и да добијат одговори и совети во врска со различни промени и дилеми поврзани со негата на кожата и оралното здравје во бременоста.
Со ваквите едукативни средби, „Аџибадем Систина“ продолжува да им обезбедува на идните родители практични, стручни и навремени информации за полесна и посигурна подготовка за периодот на бременоста и родителството.
Следната среда, на 7 октомври, предавањето ќе го води м-р д-р Верица Малинкова Димовска, која ќе зборува на тема „Анксиозност и бременост“. Регистрирајте го вашето присуство на callcenter@acibademsistina.mk
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.