НОВ ЦИКЛУС ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

НОВ ЦИКЛУС ГИМНАСТИКА ЗА БЕБИЊА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

29.09.2026

Од 6 октомври во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува нов циклус на гимнастика за бебиња, наменет за бебиња на возраст од 2 до 12 месеци. Часовите ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 11:00 часот, а преку внимателно избрани и приспособени вежби родителите ќе имаат можност да научат како правилно да го поттикнат моторниот развој на своето бебе уште од најрана возраст.

Гимнастиката за бебиња е насочена кон поттикнување на правилниот психомоторен развој, координацијата и движењето, како и кон создавање здрави навики за физичка активност уште во првата година од животот. Вежбите се приспособуваат според возраста и развојните можности на секое бебе, со цел активностите да бидат пријатни и корисни и за бебињата и за родителите.

Месечната членарина изнесува 3.000 денари, додека за целосниот тримесечен циклус за октомври, ноември и декември е предвидена цена од 7.500 денари.

Новиот циклус започнува на 6 октомври, а часовите ќе се одржуваат секој вторник во 11:00 часот, а за сите пријавени следува подарок од нашите Acibadem Sistina Baby пријатели.

Гимнастиката за бебиња е можност родителите активно да се вклучат во правилниот раст и развој на своето дете, истовремено стекнувајќи практични знаења и вежби што можат да ги применуваат и во домашни услови. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.