Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа групна работилница за поттикнување на самостојното седење, наменета за бебиња на возраст од 5 до 10 месеци.
Работилницата ја водеше м-р Дијана Мариновска, која преку практични вежби, игра и стручни насоки им покажа на родителите како правилно и безбедно да го поддржат моторниот развој на своето бебе. Учесниците имаа можност да научат повеќе за правилното позиционирање, развивањето на стабилноста и рамнотежата, како и за начините на кои преку секојдневна игра може да се поттикне самостојното седење.
За сите пријавени учесници беа обезбедени подароци од Acibadem Sistina Baby-пријателите.
Следната групна работилница ќе се одржи на 12 август и ќе биде посветена на подготовката за самостојно проодување. Таа е наменета за бебиња на возраст од 10 до 18 месеци и за нивните родители, кои ќе добијат практични насоки за тоа како преку игра, правилно позиционирање и соодветна поддршка да му помогнат на своето дете безбедно и сигурно да напредува кон првите самостојни чекори.
Бројот на места е ограничен. Резервирајте го вашето место навреме.