Проф. д-р Гоце Спасовски е врвен специјалист по нефрологија со над 35-годишно професионално искуство, богата стручна и научна дејност и долгогодишна посветеност во дијагностиката, лекувањето и следењето на пациентите со бубрежни заболувања. Неговата стручна експертиза опфаќа:
- дијализа и третман на пациенти со хронична бубрежна болест
- работа со пациенти пред и по трансплантација на бубрег
- следење и лекување на пациенти со трансплантиран бубрег
- ехосонографија на бубрези
- доплер-дијагностика на крвните садови на бубрезите
- ехосонографија на тестиси и доплер на пенилната артерија при еректилна дисфункција
- транслијачна коскена биопсија
- биопсија на трансплантиран бубрег
- пункција и склеротизација на стекнати бубрежни цисти.
Со неговото долгогодишно искуство, стручност и посветеност кон пациентите, проф. д-р Гоце Спасовски ќе придонесе за дополнително унапредување на нефролошката грижа и третманот на пациентите во нашата болница.