Аџибадем Систина

ПРОФ. Д-Р ГОЦЕ СПАСОВСКИ - НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕФРОЛОГИЈА

10.07.2026

Проф. д-р Гоце Спасовски е врвен специјалист по нефрологија со над 35-годишно професионално искуство, богата стручна и научна дејност и долгогодишна посветеност во дијагностиката, лекувањето и следењето на пациентите со бубрежни заболувања. Неговата стручна експертиза опфаќа:

  •  дијализа и третман на пациенти со хронична бубрежна болест
  •  работа со пациенти пред и по трансплантација на бубрег
  •  следење и лекување на пациенти со трансплантиран бубрег
  •  ехосонографија на бубрези
  •  доплер-дијагностика на крвните садови на бубрезите
  •  ехосонографија на тестиси и доплер на пенилната артерија при еректилна дисфункција
  •  транслијачна коскена биопсија
  •  биопсија на трансплантиран бубрег
  •  пункција и склеротизација на стекнати бубрежни цисти.
 
Со неговото долгогодишно искуство, стручност и посветеност кон пациентите, проф. д-р Гоце Спасовски ќе придонесе за дополнително унапредување на нефролошката грижа и третманот на пациентите во нашата болница.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.