Со особена гордост споделуваме дека стручниот труд "Simulation Training as a Tool for Improving Clinical Preparedness in Emergency Medicine", чиј автор и презентер е Маја Атанасовска, специјалист по интензивна нега во Клиничка болница ,,Аџибадем Систина”, е официјално објавен во рецензираниот (peer-reviewed) зборник на стручни трудови на 8th IMRUA Emergency Medicine Congress 2026 и 1st Bloodbikes Conference во Марибор.
Зборникот е издаден под покровителство на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, што дополнително ги потврдува значењето и меѓународниот углед на овој научен настан.
Трудот беше презентиран пред меѓународна публика од експерти во ургентната медицина и претставува значаен придонес во областа на симулациската едукација, клиничката подготвеност на здравствените работници и пациентската безбедност – теми што се клучни за современата медицина.
Објавувањето на трудот во меѓународен рецензиран зборник претставува значајно професионално и научно достигнување, но и потврда дека посветеноста кон знаењето, континуираната едукација и стремежот за извонредност создаваат резултати препознаени и надвор од националните граници.
Овој успех е одраз на вредностите што се негуваат во "Аџибадем Систина" – професионалност, иновација, постојан развој и инвестиција во знаењето како основа за врвна здравствена грижа.