Клиничката болница ,,Аџибадем Систина” и оваа година ќе биде домаќин на деловната трка на 5 км, „Кроација осигурување Business Run 5K 2026" која ќе се одржи на 4 јуни.
Настанот што од година во година обединува сè поголем број компании претставува одлична можност за промоција на здрави животни навики, тимски дух и позитивна корпоративна култура. Преку спорт, рекреација и дружење, учесниците имаат можност да создадат нови пријателства, да ја зајакнат меѓусебната соработка и да ја почувствуваат енергијата на заедништвото надвор од работното место.
По трката следува афтерзабава со музика, храна, пијалaци и награди.
Очекуваме уште едно незаборавно издание исполнето со позитивна енергија, насмевки и спортски ентузијазам!
Вашето учество можете да го пријавите тука.