Д-Р КАМЕЛИЈА СИМЕОНОВА ДЕЛ ОД ЕКСПЕРТСКИ ТИМ КОЈ ГО КРЕИРАШЕ ПРИРАЧНИКОТ ,,АЛАТКА ЗА КЛИНИЧКА РЕВИЗИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИТЕ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦА И МЛАДИ”
Д-р Камелија Симеонова беше дел од експертскиот тим кој учествуваше во изработката на прирачникот „Алатка за клиничка ревизија за зајакнување на квалитетот на услугите за ментално здравје кај деца и млади“, објавен во април 2026 година во рамки на иницијативите на Светската здравствена организација.
Прирачникот е наменет за унапредување на квалитетот на услугите за ментално здравје кај деца и млади, преку систематско оценување на процесите на грижа и имплементација на стандарди за квалитет на СЗО.
Со учеството на д-р Симеонова во подготовката на овој значаен документ, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја потврдува својата посветеност кон современи здравствени практики и активно учество во унапредување на грижата за менталното здравје кај децата и младите.