Во периодот од 11 до 15 мај 2026 година, ученици од Средното медицинско училиште „Сестре Нинковиќ“ од Крагуевац, Република Србија ја посетија Клиничката болница ,,Аџибадем Систина" во рамките на програмата Еразмус+.
За време на посетата, учениците имаа можност да ја надградат својата теоретска наобразба преку практично искуство на оддели поврзани со предметот Современи дијагностички методи, а ги посетија и другите оддели, при што се запознаа со нивните процеси и функционирање. Се запознаа и со функционирањето на дијагностичките лаборатории, а проф. д-р Џенгис Јашар им го објасни значењето на брзата и ефикасна дијагностика.
Организирана беше и интерактивна работилница за учениците на која д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, м-р доктор Верица Малинкова-Димовска, специјалист по психијатрија и м-р Ајше Исљам, психолог отворија важни теми поврзани со градењето самодоверба, сигурност и здрав емоционален развој кај учениците. Ова беше одлична прилика за учениците да се запознаат со високите стандарди за грижа на пациентите и функционирањето на најмодерната болница во регионот, која постојано се развива и унапредува.
За нас, како болница, е голема чест да бидеме дел од оваа значајна образовна програма и да ја поддржуваме реализацијата на вакви проекти.