Аџибадем Систина

ПРВ БЕСПЛАТЕН ТРЕТМАН ЗА СИТЕ БЕБИЊА РОДЕНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА

21.01.2026

Првичното бесплатно советување и обука за сензомоторна стимулација се препорачува да се направат кај:
 
  •  бебиња родени пред термин
  •  бебиња што имале тешкотии при раѓањето како асфиксија, крвавење во мозочето
  •  бебиња што добиле совет од педијатар за физикална терапија или развојно следење.

Предвреме родените деца, децата со асфиксија, крвавење во мозокот или близначка бременост имаат поголем ризик за отстапување во моторниот развој и затоа раните превентивни проценки ќе доведат до порано согледување, а со тоа и до порано започнување со третмани, кои доколку започнат навремено, ќе ни донесат многу поголем и побрз ефект. Превенцијата и раната интервенција со физикална терапија најдобро е да се започнат во текот на првата година од животот на децата, бидејќи во тој период главна карактеристика е пластичноста на мозокот и токму затоа се постигнуваат и најдобри резултати.

Бесплатниот преглед може да се искористи од 3 до 12-месечна возраст на бебето, со претходно закажување на 02 3099 500.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.