Интервентна радиологија

Интервентна радиологија

Со минимално инвазивни процедури, односно без хируршка интервенција и со пократок период на заздравување, во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се третираат различни видови васкуларни и неваскуларни заболувања. Со инвестициите во опрема и во кадар, Одделот за радиологија во оваа установа прерасна во еден од најдобрите во регионот. Интервентната радиологија како понова гранка во медицината, во „Аџибадем Систина“, функционира на ниво како и во сите модерни светски здравствени установи. На ваков начин, единствено и првпат се изведуваат сложени неинвазивни операции на заболувања меѓу кои третман на мозочен удар, мозочни и висцерални аневризми, таргетиран третман на тумори и метастази и интервенции на проширувања и стенози на крвните садови.

Доц. д-р Александар Ѓорески, специјалист по радиологија, интервентен радиолог и шеф на Одделот за радиологија, објаснува дека од областа на интервентната радиологија се изведуваат стентирања и дилатации на крвни садови во телото и мозокот, но и најразлични видови емболизации кај малигни тумори од типот на хемоемболизации, пред сè, на црниот дроб. Се изведуваат и најразлични видови емболизации на други здравствени состојби како што се: миоми на матка, варикоцела, бенигна хиперплазија на простата, третман на хемороидална болест со емболизација, пелвичен конгестивен синдром, емболизации на најразлични видови крвавења, ТИПС, но и интервенции на вените.

Особено значаен е делот на интервентната онкологија, а вакви процедури се изведуваат ексклузивно во „Аџибадем Систина“. Станува збор за модерен, минимално инвазивен третман на најразлични видови тумори во организмот по минимално инвазивен пат, третман што е таргетиран на мала површина на местото на туморот или на метастазите.

Од друга страна, со поставување на интервентната радиологија на ова ниво, болницата станува единствен сеопфатен центар за третман на акутен исхемичен мозочен удар. Третманот вклучува брза и навремена дијагностика, интравенска тромболиза, механичка тромбектомија, интензивна нега.

Инаку, во болницата веќе е инсталиран еден од најсофистицираните ангиографски апарати во државата со сите потребни дополнителни алатки, што овозможат изведување на комплексни васкуларни интервенции. Ангиографот има врвен квалитет на слика, кој овозможува прецизно снимање и безбедно изведување и на најкомплексните процедури со намалено зрачење. И при овие третмани се применува мултидисциплинарниот пристап во кој лекари од повеќе специјалности се вклучени во комплетната грижа, што е вистинска додадена вредност за здравјето на пациентите. 

Доктори во одделот

Специјалист по радиологија

Специјалист по радиодијагностика

Специјалист по неврорадиологија

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.