Одделот за радиологија располага со најсовремена технологија која овозможува прецизна и навремена дијагноза, како и изведување интервентни процедури. Снимањето на најновите апарати за дијагностика е безбедно, со скратено време на снимање и со помала доза на зрачење. Единствено во државата располага со магнетна резонанца 3 Tesla која овозможи нова ера во дијагностиката. Закажувањето е брзо, без листи на чекање, а резултатите со стручен извештај од радиолог ги добивате истиот ден.
ДИГИТАЛИЗИРАНИ КОНВЕНЦИОНАЛНИ РАДИОЛОШКИ ПРОЦЕДУРИ
Квалитетна слика во висока резолуција, скратено време на снимање, ултра ниска зрачна доза и помала количина на контрастно средство, единствена можност за снимање на бебиња од најмала возраст, прецизни снимки и кај многу обезни пациенти се само дел од предностите што ги нуди новиот апарат за компјутерска томографија, Revolution Apex CT 512-Slices. Бројните предности на КТ апаратот се должат на вградениот уникатен систем TrueFidelity кој користи вештачка интелигенција за обработка на сликата со извонредна резолуција при минимални дози на зрачење. Апаратот е еден од најбрзите томографи со 512 пресеци во ротација, со што се овозможува краток преглед, кој се мери во секунди и кој благодарение на технологијата има значително помало зрачење до 80 отсто. Со оваа инвестиција во вредност од 1.600.000 евра, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница во регионот која го поседува Revolution Apex CT 512-Slices, последното медицинско достигнување во дијагностиката од најголемиот светски производител на медицинска опрема „GE Healthcare“.
MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во земјава е достапен во „Аџибадем Систина“. Со MRI 3 tesla времето на снимање е скратено за 30%, во споредба со MRI 1.5 Tesla. Во исто време двојно поголемата сила на магнетно поле овозможува прецизен приказ на внатрешните структури и органи, како и детекција на промени кои се невидливи со MRI 1.5 Tesla. Зголемениот комфор на пациентот за време на снимањето е овозможен со поширок цилиндар за 70 см. Комфорот е надополнет и со поширока маса за снимање која поднесува поголема тежина до 250 килограми. На овој моќен апарат може да се направи и скрининг на целото тело за помалку од 1 час, без зрачење и без контрастно средство.
Апаратот за магнентна резонанца претставува едно од поновите техничко-технолошки достигнувања во современата медицина кој се користи при дијагностицирањето на голем број промени на човековото тело по системи и органи (глава, врат, `рбет со `рбетен мозок, бели дробови, абдомен, приказ на билио-панкреатичното стебло). Во нашата болница достапна е МРИ по органи и системи, функционална МРИ (дифузија, перфузија), срцев мускул со перфузија, крвни садови, МРИ на фетус, МРИ на дојки. Во склоп на магнетната резонанца е и најсовремен апарат за анестезија кој овозможува процедурата на снимање безбедно да се изведе кај најтешко болните и пациенти со фобии од снимање.
Инаку, во болницата веќе е инсталиран еден од најсофистицираните ангиографски апарати во државата со сите потребни дополнителни алатки, што, овозможуваат изведување на комплексни васкуларни интервенции. Ангиографот има врвен квалитет на слика, кој овозможува прецизно снимање и безбедно изведување и на најкомплексните процедури со намалено зрачење. И при овие третмани се применува мултидисциплинарниот пристап во кој лекари од повеќе специјалности се вклучени во комплетната грижа, што е вистинска додадена вредност за здравјето на пациентите.
Од неваскуларните интервентни процедури кај нас се достапни: балон дилатација на стенози на езофагус, машка уретра, дебелото црево. На Одделот се изведуваат:
Специјалист по неврорадиологија
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Доктор по општа медицина, специјализант по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по неврорадиологија
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Доктор по општа медицина, специјализант по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиологија
Специјалист по радиодијагностика
Специјалист по радиодијагностика
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.