На Одделот за онкологија пациентите добиваат индивидуален план за третман од страна на мултидисциплинарен тим специјалисти. За првпат во регионот се користи најсовремен начин на рано откривање и следење на малигните заболувања со користење на PET/CT скен. За пациентите достапна е најсовремена хемотерапија, хормонотерапија, имунотерапија и целна (биолошка) терапија. Радиотерапијата во „Аџибадем Систина“ се изведува на најсовремениот акцелератор за зрачна терапија TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems кој овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином и на TRILOGY, со кој болницата располага од поодамна.
Третманот се креира зависно од хистолошкиот тип на туморот (клетките од кои потекнува), органот од кој потекнува, како и степенот на локо-регионална проширеност на болеста или евентуалното постоење на далечни метастази. При малигни заболувања постојат два начини на третман адјувантен, чија цел е намалување на ризикот од повторување на болеста и неоадјувантен, со цел да се намали димензијата на туморот и да се обезбеди негова операбилност или палијативен со цел контрола на симптомите со што обезбедува подобар квалитет на живот. Третманот може да се спроведе како индивидуален или во комбинација со други модалитети на третман (хирургија, радиотерапија). Стручниот тим освен со креирањето на третманот, како и неговото спроведување, се грижи и за континуираното следење на пациентите по завршување на планираните модалитети на третман, советување и здравствена едукација на членовите на семејството за превенција на ризиците од појава на малигна болест, како и нејзино рано откривање.
Радиотерапијата се спроведува со моќниот акцелератор TrueBeam од реномираниот производител Varian Medical Systems овозможува извонредна прецизност и ефикасност при третманот на дури и најсложените видови карцином, како што се: тумори на белите дробови абдоменот, главата и вратот, мозокот и дојката.
Исто така, акцелераторот TrueBeam овозможува применување различни напредни техники на зрачење, меѓу кои:
Имајќи ги предвид достапните информации за болеста, се применува кога болеста може комплетно да се излекува. Може да се аплицира самостојно или во комбинација со хирургија и хемотерапија.
Се применува во услови кога е невозможно комплетно да се излекува болеста. Целта е да се превенираат или да се намалат симптомите и да се подобри квалитетот на живот кај пациентите кои се соочени со сериозна и комплексна болест. Пример, коскената болка од која страдаат пациентите со промени на коските може да се намали со радиотерапија, исто така, со радиотерапија може да се превенираат патолошки скршеници на местото каде што постојат промени. Крвавењата предизвикани од поголеми тумори може да се стават под контрола со употреба на радиотерапија. Вкупните дози на радиотерапија во овие случаи се помали и времетраењето на третманот е значително пократко.
Радиохирургијата е дел од зрачната терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. Се изведува со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TrueBeam.
Специјалист по онкологија и радиотерапија
Специјалист по онкологија
Медицински физичар
Медицински физичар
Специјалист по онкологија
Специјалист по радиологија
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.