fbpx

ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА ТРИ ВИДА ТЕСТОВИ ЗА КОВИД-19, ПАКЕТ ОД ДВА ТЕСТА ЗА 4.000 ДЕНАРИ

19.05.2020

AS Laboratorii PaketCena FB

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, единствено во Македонија, се прават три вида тестови за Ковид-19.

Во најсовремена лабораторија која работи според светски признaени стандарди со сите безбедносни протоколи, изведуваме PCR молекуларен тест кој детектира присуство на коронавирусот (Sars-Co-2), брз молекуларен тест за присуство на вирусот Sars-CoV-2 кој се добива за само 60 минути и Rapid тест – брз серолошки тест за присуство на антитела на вирусот.

За да излеземе во пресрет на пациентите во специфични услови и во обид да се придонесе за јавното здравје, Аџибадем Систина нуди и пакет во кој се вклучени два теста – PCR молекуларен тест за присуство на вирусот и брз серолошки тест за детекција на антитела (IgM и IgG) по единствена и конкурентна цена 4.000 денари

Истовременото тестирање е единствен начин да се дознае вистинскиот статус на секој човек поединечно – претходен контакт со вирусот или евентуално присуство во моментов. На овој начин, се открива реалната бројка на заболени од коронавирусот.

Брз молекуларен тест (PCR) обезбедува резултати за присуство на вирусот за само 60 минути. Тестирањето е со обезбеден материјал од земен брис и детектира присуство на Sars-Cov-2. Тестот чини 6.000 денари.

PCR молекуларниот тест се прави со брис и по обработката на материјалот, се обезбедува потврда дали кај пациентот има присуство на вирусот односно дали е позитивен на Ковид-19. Тестот чини 3.600 денари

Rapid test е брз серолошки тест за детекција на антителата IgM и IgG како резултат на претходен контакт со коронавирусот (Sars-CoV-2). Тестирањето се врши со земен примерок од крв. Тестот чини 1.200 денари.