Офталмологија

Офталмологија

Офталмологија

Одделот за офталмологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува високоспецијализирана дијагностика, медицински и хируршки третман на заболувањата на очите. Преку примена на современи дијагностички технологии, напредни микрохируршки техники и индивидуализиран пристап кон секој пациент, Одделот овозможува сеопфатна офталмолошка грижа – од превентивни и специјалистички прегледи до комплексни хируршки процедури.


Одделот обезбедува дијагностика и третман на широк спектар офталмолошки заболувања, вклучувајќи: хируршко лекување на катаракта, витреоретинална и рефрактивна хирургија, дијагностика и третман на ретинални и макуларни заболувања со примена на интравитреална терапија, како и дијагностика и третман на страбизам и офталмолошки заболувања кај деца.

  • Катаракта и хирургија на катаракта
  • Витреоретинална хирургија
  • Рефрактивна хирургија
  • Страбизам
  • Детска офталмологија
  • Офталмолошка дијагностика
1. Хирургија на катаракта
Дијагностика и хируршко лекување на катаракта со имплантација на современи интраокуларни леќи, со индивидуален избор според потребите на пациентот.
 
2. Витреоретинална хирургија
Дијагностика и хируршки третман на заболувањата на мрежницата и стаклестото тело, вклучувајќи витректомија кај различни ретинални патологии.
 
3. Рефрактивна хирургија
Современи хируршки и ласерски процедури за корекција на рефрактивните аномалии, вклучувајќи: миопија, хиперметропија и астигматизам, како и имплантација на факични интраокуларни леќи.
 
4. Страбизам
Дијагностика и третман на нарушувањата во положбата и координацијата на очите кај деца и возрасни, со индивидуализиран терапевтски и хируршки пристап.
 
5. Детска офталмологија
Превентивни и специјалистички офталмолошки прегледи кај деца, рано откривање и третман на амблиопија, страбизам, рефрактивни аномалии и други очни заболувања.
 
6. Офталмолошка дијагностика
Сеопфатни офталмолошки прегледи и современи дијагностички испитувања за рано откривање, следење и проценка на заболувањата на окото и видниот систем, вклучувајќи OCT, фотографија на очно дно, корнеална топографија и други специјализирани дијагностички методи.
 
 

Доктори во одделот

Специјалист по офталмологија

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.