Активни промоции

Промотивни цени на девет пакети испитувања

10.07.2023

Промотивни цени на девет пакети испитувања нуди Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Како еден од стожерите на здравствениот систем во земјата и во регионот, болницата одлучи да ги намали цените на овие пакети за да можат и пациентите, но и здравите луѓе да направат преглед на своето општо здравје. Затоа со попуст се нудат три интернистички пакети, два тироидни пакети и еден гинеколошки пакет.
Промотивна цена има и пакетот за контрола на хемостаза, пакетот за полицистични овариуми и пакетот за развојно следење на дете.

Нашите индивидуални здравствени ризици зависат од повеќе специфични фактори меѓу кои, секако: возраста, полот, околината, генетските фактори, но и животниот стил. Затоа преку компонентите вклучени во овие пакети секоја индивидуа може да направи детална анализа преку која ќе го одржи сопственото здравје.

Овие испитувања се тестови преку крв, а по добиените резултати се добива преглед на вашето општо здравје и соодветни препораки.
На секој возрасен му се препорачува лекарски преглед еднаш годишно, дури и без никакви симптоми.

Цената на интернистичките пакети со попуст изнесуваат 3.600 денари, 5.300 и 6.200 денари, во зависност од параметрите што се испитуваат во секој од нив.

Едниот тироиден пакет чини 2.300 денари, а другиот 5.000 денари, додека гинеколошкиот пакет во кој покрај вадењето крв и биолошки материјал е вклучено и испитување на фоликулостимулирачки хормон, лутеинизирачки хормон, пролактин, естрадиол и тиреостимулирачки хормон, чини 4.800 денари.

Контролата на хемостаза е 2.300 денари, а пакетот за полицистични овариуми 7.300 денари. Пакетот за развојно следење на дете е 6.200 денари.

Пакетите се креирани со цел да дадат целосен преглед на состојбата на пациентот, а преку нив може да се утврди дали има потреба од понатамошни прегледи. 

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • ESR
  • Крвна слика
  • Глукоза, на гладно
  • Гликозилиран
  • Хемоглобин (HbA1c DCCT/NGSP)
  • Серумско Железо
  • Триглицериди
  • Вкупен Холестерол
  • Холестерол (HDL)
  • Холестерол (LDL)
  • Вкупни Протеини
  • Албумини
  • Глобулини
  • Уреа
  • Креатинин
  • Мочна киселина
  • Вкупен Билирубин
  • Директен билирубин
  • Индиректен билирубин
  • Аспартат аминотрансфераза (AST)
  • Аланин аминотрансфераза (АLТ)
  • Алкална фосфатаза (АLP)
  • Гама Глутамил Транспептидаза (GGT)
  • Натриум (Na)
  • Калиум (К)
  • Хлориди (Cl)
  • Биохемиска анализа на урина со седимент

5.300 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • ESR
  • Крвна слика
  • Глукоза, на гладно
  • Гликозилиран
  • Хемоглобин (HbA1c DCCT/NGSP)
  • Серумско Железо
  • Триглицериди
  • Вкупен Холестерол
  • Холестерол (HDL)
  • Холестерол (LDL)
  • Уреа
  • Креатинин
  • Аспартат аминотрансфераза (AST)
  • Аланин аминотрансфераза (АLТ)
  • Натриум (Na)
  • Калиум (К)
  • Хлориди (Cl)

3.600 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • ESR
  • Крвна слика
  • Глукоза, на гладно
  • Гликозилиран Хемоглобин (HbA1c DCCT/NGSP)
  • Серумско Железо
  • Триглицериди
  • Вкупен Холестерол
  • Холестерол (HDL)
  • Холестерол (LDL)
  • Уреа
  • Креатинин
  • Аспартат аминотрансфераза (AST)
  • Аланин аминотрансфераза (АLТ)
  • Натриум (Na)
  • Калиум (К)
  • Хлориди (Cl)
  • Тиреостимулирачки хормон (TSH)
  • Витамин Д, 25-хидрокси (Vit-D 25-OH)

6.200 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • Тиреостимулирачки хормон (TSH)
  • Слободен Тријодтиронин (FT3)
  • Слободен Тетрајодтиронин (FT4)
  • Тироидни Пероксидазни Антитела (anti-TPO)
  • Антитела на ТироГлобулин (anti-TG)

5.000 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • Тиреостимулирачки хормон (TSH)
  • Слободен Тријодтиронин (FT3)
  • Слободен Тетрајодтиронин (FT4)

2.300 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • Фоликулостимулирачки хормон (FSH)
  • Лутеинизирачки хормон (LH)
  • Пролактин  (PRL)
  • Естрадиол (Е2)
  • Тиреостимулирачки хормон (TSH)

4.800 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • Крвна слика
  • Активирано Парцијално време на Тромбинот (aPTT)
  • Д-Димер

2.300 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • Глукоза, на гладно
  • Фоликулостимулирачки хормон (FSH)
  • Лутеинизирачки хормон (LH)
  • Пролактин  (PRL)
  • Естрадиол (Е2)
  • Вкупен Тестостерон
  • Инсулин
  • ДехидроепиАндростендион Сулфат (DHEA-s)

7.300 ден.

Состав на пакетот:

  • Вадење на крв и биолошки материјал
  • Крвна слика
  • Серумско Железо
  • Аспартат аминотрансфераза (AST)
  • Аланин аминотрансфераза (АLТ)
  • Уреа
  • Креатинин
  • Лактати
  • Фолна киселина
  • Вкупен Витамин Б12, (Vit B12)
  • Витамин Д, 25-хидрокси (Vit-D 25-OH)

6.200 ден.

Сите промотивни пакети може да ги симнете ТУКА.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.